вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги даде предлозите  за комисии во  Собранието, застој има кај владеачкото мнозинство

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ги даде предлозите  за комисии во  Собранието, застој има кај владеачкото мнозинство

Одговарајќи на новинарско прашање: „До каде сте со формирањето на комисиите во Собрание, дали вие веќе дадовте предлози од вашата партија“, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ одговори:

-Ова е прашање кое што е актуелно веќе неколку денови и веќе имаме  одговарано на оваа тема, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го даде својот дел од предлозите за комисиите и работните тела во Собранието. Кој е проблемот и застојот и каде има проблем владејачкото мнозинство за договор помеѓу нив кој која комисија да ја води и на кој начин да функционираат ќе побарате одговор од нив. Очекувам да биде закажана комисијата за избори и именувања на која што се дава еден заеднички консензуален предлог за сите членови во сите работни тела. Врз основа на бројот на освоени мандати секоја политичка партија предлага и се знае колку точно членови има во секоја комисија. Очекувам дека ќе ги задржиме комисиите кои што ги раководевме во претходниот мандат, а освен комисијата за избори и именувања која што во зависност од бројките кои што беа постигнати на овие избори има мала измена и сега ја раководи СДСМ, порача тој.

Коронавирус