вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ е константно во своите ставови, а СДСМ започна да бара работи кои што се надвор од Уставот

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ е константно во своите ставови, а СДСМ започна да бара работи кои што се надвор од Уставот

Денес на телевизија 24 свое гостување имаше и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ кој што посочи дека СДСМ од нервоза и од брзање за брзи избори лицитираше со датуми за да дојде до датумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го имаше посочено од самиот почеток.

„ВМРО-ДПМНЕ е константно во своите ставови и нема измрдување на фактите и тезите, она што го баравме од самиот почеток. Бидејќи 12-ти април беше невозможно да се одржат изборите и беше прогласена вонредната состојба во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на 12-ти мај излезе со план во четири чекори, да се даде стручно мислење од здравствените експерти дали постои амбиент и фактичка состојба, вториот чекор беше да се слушне мислењето на ДИК околу практично спроведување на изборите. Третиот чекор целосна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, кои што ќе го мониторираат процесот. Како и четвртата точка, правните експерти да кажат околу датумот за одржување на избори и начинот на излегување од состојбата во која што се најдовме“, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека СДСМ од самиот почеток со барања за свикување на Собранието, започна да бара работи кои што се надвор од Уставот, надвор од Деловникот и надвор од Изборниот законик.

„Јас на вашата телевизија уште на 24-ти април кажав дека Собранието не може да се врати и да заседава. Иако господинот Заев, пратеничката група на СДСМ и високи функционери од владејачката партија на СДСМ не убедуваа дека тоа е единствениот излез. Се изјасни Уставниот суд, дојдовме до тоа што ние го кажувавме дека Собранието по самораспуштање и полноважна одлука за самораспуштање не може да се врати и да функционира. Од тогаш па наваму ние имаме нервозна реакција и барање од господинот Заев за одржување на избори или лицитирање на датуми“, појасни Мицевски.

Мицевски потсети дека договорениот датум 12-ти април за одржување на избори отпадна поради настаната ситуација со Ковид-19. Па потоа граѓаните слушнаа од Заев како вели избори да се одржат на 5-ти јуни, 14-ти јуни или ден претходно, 21 јуни па 5-ти јули за да се дојде до 15-ти јули датум кој што ВМРО-ДПМНЕ го кажа уште од самиот почеток.

„ВМРО-ДПМНЕ укажуваше дека здравјето на граѓаните е пред се. Приоритет е здравјето на граѓаните и секој спасен човечки живот“, нагласи Мицевски.

Коронавирус