недела, 7. март 2021. Вести денес: 67
home Вести

Мицевски: Власта предводена од СДСМ со европско знаменце го истурка на сила законот за попис и од статистичка пописот премина во политичка операција

Мицевски: Власта предводена од СДСМ со европско знаменце го истурка на сила законот за попис и од статистичка пописот премина во политичка операција

На денешната 29-та Собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаше за законот за пописот на населението и домаќинствата.

Според координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ова законско решение власта го истурка на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не се прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение.

-Овој закон е повторно по скратена постапка со европско знаменце, со неколку козметички измени кои немаат никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент со препораките и стандардите. Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот кој што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција, изјави од собраниската говорница Мицевски.

Ваквото предложено законско решение, рече Мицевски нема да биде објективно и фер, овој законски текст нема да биде релевантен, туку иреален попис.

-Го истуркавте ова законско решение на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не беа прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде ваша. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение, изјави Мицевски.

Коронавирус