петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Ветивте а не се предвидени средства за исплата на заостанатите придонеси за вработените во Еурокомпозит -Прилеп

Мицевски: Ветивте а не се предвидени средства за исплата на заостанатите придонеси за вработените во Еурокомпозит -Прилеп

На денешната седница во Собранито на Република Македонија координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски зборуваше за Буџетот за 2021 година и упати критики до власта бидејќи според него и фактите ова е најлоша година во економијата за Македонија а не почекува ништо поразлично ни во 2021 година. Мицевски се осврна и на вработените во Еурокомпозит-Прилеп каде што ја потсети власта што ветувала а што не остварила во однос на нив.

„Меѓутоа она што би сакал да го кажам денес, а за кое што ќе ве потсетам, бидејќи денеска е моментот, колегите од Прилеп, прилепските пратеници Ане Лашкоска и Петар Ристоски предложија амандман за обезбедување на 2,8 милиони евра за исплата на заостанатите придонеси на вработените во Еурокомпозит Прилеп. За ова нешто во 2019 година донесовте закон во Собранието на Република Македонија а во буџетот за 2021 година не се предвидени средства за оваа намена. Истите вие кои што ги смирувавте овие граѓани и ветувавте дека после изборите ќе им бидат решени проблемите остануваат на улица и денеска се наоѓаат пред Собранието на Република Македонија протестираат но за жал нема кој да ги прими“ нагласи Мицевски.

Мицевски упати критика до власта и поради тоа како што рече нерешавањето на проблемите во земјоделието и земјоделците во Македонија.

– Да ве потсетувам веќе по седми пат односно веќе по четврти одкако сте на власт за интервентниот фонд за земјоделството и сите средства кои што ги планиравме за земјоделците и откупните центри кои што се јавуваат при откуп скоро на секој земјоделски производ а од ветувањата нема ништо, истакна Мицевски

Коронавирус