понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Вчера се прекршија членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, бидејќи никој не е над законите одговорност мора да има

Мицевски: Вчера се прекршија членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, бидејќи никој не е над законите одговорност мора да има

Вчера во Собранието бевме сведоци на дерогирање на правниот систем. Наместо Собранието да биде пример за работење во согласност со Устав и закон, Претседателот на Собранието и пратениците од мнозинството даваа пример како не треба да се работи, ова денеска го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието Никола Мицевски.

-Присуството на двајца позитивни пратеници, спротивно на сите законски норми по никоја цена не беше оправдано, а секој обид за нивно воздигнување во т.н. статус на херој е срамен и безобразен чин во очите на вистинските херои на оваа пандемија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела недела најавуваа, а тоа се потврди и со самиот чин на гласање, дека ќе дадат поддршка на петтиот сет еконономски мерки. Оттука, јасно е дека вчерашниот срамен театар, служеше единствено да се задоволат личните желби на поединци да помине 32 Седница на Собранието, на која немаше ниту една законска измена поврзана со здравјето на граѓаните или екномска помош. За да се остварат таквите лични желби, се даде пример дека политичарите се над законите, а притоа во ризик беа сите вработени во Собранието, присутните претставници на медиумите како и пратениците, вели Мицевски.

Тој додава дека тоа што е ноторно е дека вчера се прекршија членовите 205 и 206 од Кривичниот законик. Бидејќи никој не е над законите, вклучително и Претседателот на Собранието и пратениците, одговорност мора да има.

-Систем во кој функционира владеење на правото по никоја цена не е оправдан. Таквата пракса на работење на Коалиција против правдата составена од СДСМ и ДУИ ќе престане. Затоа, сакам да ве информирам дека во текот на утрешниот ден Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство. На потег ќе биде правосудството кое ќе треба да се оттргне од очигледните политички стеги во рамките на коишто функционира според сите меѓународни извештаи, истакнува Мицевски.

Коронавирус