понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 180
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Мицевски: Собранието стана институција на парламентарно мнозинство и власт

Мицевски: Собранието стана институција на парламентарно мнозинство и власт

Крајно несериозно е во првата реченица денеска да настапите дека некој сака да ја блокира оваа седница и дека некој е против донесувањето на овој закон. Значи за волја на вистината јас ќе ви кажам дека првото донесување на овој закон, седницата траеше 4 часа во еден де и истата беше прекината од претседавач од седницата кој што е од редовите на вашата политичка партија, појасни Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при самото заседавање на седницата во Собранието на Република Македонија.

Мицевски посочи дека на таа седница се зборуваше само за еден амандман и со одолговлекувања ваши, паузи, не се продолжи седницата. Крајно несериозно однесување на парламентарното мнозинство. Собранието стана институција на парламентарно мнозинство и власт.

-Секојдневно сме сведоци како грубо се крши деловникот, законите и процедурите во Собранието само да се задоволат партиските желби и интереси на власта. Денеска на дневен ред имаме важен реформски закон. Закон за спречување на корупција и судир на интереси кој што е поднесен по трет пат во Собранието. За две недели три пати го ставате и повлекувате овој закон, нагласи Мицевски.

Коронавирус