четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 183
home Вести

Мицевски: Со промена на Уставот самите ќе се избршеме како Mакедонци

Мицевски: Со промена на Уставот самите ќе се избршеме како Mакедонци

Господине Заев не можете да очекувате поддршка за ова во моментов што го правите, граѓаните на Република Македонија не беа поделени по ова прашање, повеќе од милион и двесте илјади кажаа дека не го поддржуваат вашето повеќезначајно, збунувачко прашање на референдумот, истака координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска во Собранието на Република Македонија.

-Милион и двесте илјади граѓани беа против вашето силување на демократија, милион и двесте илјади ви пратија порака која вие како Влада ја игнорирате, го игногирате народот, го игонирирате ставот на народот во Република Македонија. Ја игнориравте одлуката на ДИК дека референдмуот е неуспешен, консултативен беше ререфендумот, но со поразителни бројки кои и вие не ги очекувавте, додаде Мицевски.

Тој истакна дека се заoбиколени сите законски и уставни процедури при ратфикација на договорт со Грција.

-Рековте дека можеме сите неодговорно да се однесуваат, но веќе вие се однесувате неодговорно затоа што со сето ова што следува, со овие фази ние како Република Македонија се откажуваме од Резолуцијата на ОН од 1993 година, Времената спогодба од 1995 година, Хашката пресуда од 2011 година, ние сами треба да се избришеме како Македонци, додаде тој.

Мицевски на крајот праша кој ќе ни биде крив доколку овој процес не помине во Грција, а ние сами сме си го смениле името и историјата.

Коронавирус