сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Мицевски: Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари?

Мицевски: Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари?

Ова е начинот на работа на оваа нетранспарентна и криминална влада. На исти начин работи и Собранието во доцните вечерни часови. Иако не не известија за продолжување на седницата по 18 часот согласно Деловникот, остануваме со активен филибастеринг да ги попречуваме во нивната намера да прошверцуваат закони надвор од очите на јавноста, Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција

Што е толку криминално што на Владата и Заев им се брза вечерва на шверцерски начин да злоупотребат 33 милиони евра народни пари?

Ние нема да се откажеме и со сите сили и мерки да го спречеме носењето на ова штетно законско решение.

Власта сака на мала врата без доволно информации и консултации со јавноста да се изгласа закон со кој што ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Република Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра.

Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра?

Зошто Државниот правобранител не сака да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот?

Зошто се оди со закон во Собрание, нешто што никогаш претходно не се случило во историја на Република Македонија?

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. Остануваме во Собранието да ги разобличиме сите коруптивни планови на Владата и на оваа криминална власт.

Коронавирус