четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Мицевски: Причини за интерпелацијата за Димитров се манипулацијата на јавноста во врска со датумот за преговори и низата неуспеси во надворешната политика

Мицевски: Причини за интерпелацијата за Димитров се манипулацијата на јавноста во врска со датумот за преговори и низата неуспеси во надворешната политика

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во емисијата „Утрински брифинг“ истакна дека причините за иницијатива за интерпелација на Никола Димитров се манипулацијата на јавноста за добивање на датумот, низата на неуспеси на надворешната политика и брзоплетоста на потпишувањето на договорот со Бугарија кој прави огромни проблеми на државата и недобивањето на датум за преговори за влез во Европската унија.

-Се манипулира јавноста со добивање на датумот и покрај оваа една од најголемите забелешки која што ја имаме затоа што Република Македонија се соочува со низа неуспеси на надворешна политика кој што државата ја донесоа во многу неповолна ситуација имајќи во предвид дека истиот министер беше министер за надворешни работи кога се потпиша и договорот со добрососедство со Република Бугарија на кој што ВМРО ДПМНЕ реагираше на брзоплетоста на потпишувањето и тогаш бевме убедувани дека ова е договор со кој што ќе ги решиме проблемите со соседите. За жал гледаме дека овој брзоплет договор кој што тогаш беше потпишан сега прави големи проблеми на Република Македонија и тоа го видовме 2020 година за време на претседавањето на Германија со Европската Унија кога Република Македонија не можеше да го добие датумот за почеток на преговори, појасни пратеникот.

Дополнително Мицевски напомена дека и покрај побараните две средби со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од страна на комисијата за надворешни работи со кои претседава ВМРО – ДПМНЕ Димитров не се одважил да присуствува и дека токму поради нетранспарентноста од страна на Димитров е поднесена интерпелација.

-Покрај ова морам да напоменам дека и нетранспарентноста на работата на заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Никола Димитров е една од причините поради која што ние ја поднесовме оваа иницијатива. Ние на барање на комисијата за надворешни работи која што ја претседава ВМРО – ДПМНЕ побаравме две средби со замени претседателот на владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на кој што не се одважи да дојде и да присуствува. Дополнително на ова ние како пратеничка група по поднесување на интерпелацијата согласно устав и деловник министерот има можност да одговори на интерпелацијата. За жал во законски предвидениот рок не добивме одговор од страна на министерот по однос на интерпелацијата која што ја поднесовме. Се надевам дека денеска барем ќе имаме прилика да го слушнеме со негово излагање односно експозе по интерпелацијата затоа што онаа законска можност која што ја имаше да го даде својот одговор по однос на интерпелацијата не го добивме . Затоа сме денеска тука ќе дебатираме за сите отворени прашања ќе дебатираме за нетранспарентноста и манипулацијата на министерот Димитров со македонската јавност и по однос на тој фамозен датум за почеток на преговори кој што веќе 4 години се провејува низ македонската јавност а ние сме толку далеку од него, толку понижени во европската дипломатија и посебно балканската добро соседска дипломатија како што милува да ја каже министерот, истакна Мицевски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија