среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе донира средства од платите на пратениците за справување со корона кризата

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе донира средства од платите на пратениците за справување со корона кризата

Ние како пратеничка група дел од средствата, примањата на пратениците ќе ги донираме за справување со корона кризата, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

-Гледаме што се случува и сакаме да помогнеме. Помагавме и претходно за клучни работи, ќе помогнеме и сега и ќе ги донираме парите за справување со последиците. Но и апелираме до владата дека тоа не се пари за неа, туку за оние на кои им е најпотребна, посочи Мицевски.

Според него парите кои се донираат мора да бидат транспарентно потрошени.

-Владата мора тие пари да ги дава на оние на кои помош им е потребна, а потребна е меѓудругото на медицинските лица кои немаат доволно и соодветна опрема, тука е и полицијата, армијата. Потребна е пред се на оние кои се на првата линија за справување со кризата, рече Мицевски.

Коронавирус