вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 150
home Вести

Мицевски побара еден час пауза на седница, за Заев и владата да ја достават оставката на Филипче

Мицевски побара еден час пауза на седница, за Заев и владата да ја достават оставката на Филипче

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во овој момент во собранието побара едночасовна пауза со барање премиерот Зоран Заев и владата да ја достават оставката на министерот за здравство Венко Филипче.

Тие имено треба да ја достават оставката до собранието со цел да биде усвоена во парламентарниот дом и да биде разрешен од функцијата Филипче кој си поднесе оставка.

Од пратеничката група велат дека еден час е сосема доволно за да биде доставено ова барање, а потоа да започне и усвојувањето на истото.

Инаку министерот Венко Филипче во петокот си даде оставка, а претходно оставки си поднесоа и заменик министерот Илир Хасани, како и директорот на тетовската болница и економскиот директор на истата болница.

Локални избори 2021