вторник, 23. април 2019. Вести денес: 65
home Вести

Мицевски оствари средба со претставници на Европскиот парламент

Мицевски оствари средба со претставници на Европскиот парламент

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со претставници на Европскиот парламент.

На средбата се зборувало за претстојниот „Жан Моне Дијалог “ за измени на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Мицевски ги истакна барањата и забелешките на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за подобрување на Деловникот за работа на Собранието.

Тој потенцираше дека се почести се прекршувањата на Деловникот од страна на парламентарното мнозинство и дека тоа не смее да продолжи.