среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски оствари средба со холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп

Мицевски оствари средба со холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска во Собранието на Републка Македонија оствари средба со холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

На средбата Мицевски и Пломп разговараа за актуелната политичка состојаба во државата, процесот Жан Моне, престојните претседателски избори, како и за реформскиот процес во Репбулика Македонија.

Тие се согласија дека реформите се од исклчително значење за напредокот и развојот на Република Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО.

Мицевски во разговорот го потенцираше и политичкиот притисок врз опозицијата во Република Македонија, како и селективната правда која што се спроведува.

Локални избори 2021