среда, 12. август 2020. Вести денес: 108
home Вести

Мицевски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 2.5 милијарди денари годишно за спортот

Мицевски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 2.5 милијарди денари годишно за спортот

Новата влада ќе одвои 2.5 милијарди денари годишно за спортот, објави денеска кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМЕ, Никола Мицевски.

-Во наредниот четиригодишен период се обврзуваме да го развиеме спортот до степен да сите граѓани ги почувствуваат позитивните ефекти од него. Како одговорна партија за здравјето и социјалниот живот на граѓаните, за унапредување на спортот и неговото зајакнување се обврзуваме да ја реализираме мерката
спортски денар, рече Мицевски.

Истата предвидува одвојување на еден денар за спортот од акцизата за нафтени деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развојот на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот односно од трите денари акциза за нафтени деривати кои ги наметна оваа репресивна власт,
еден денар т.е 800 милиони денари ќе бидат наменете за спортот или вкупно 2,5 милијарди денари годишно ќе бидат наменети за овие три области. Меѓутоа нема да застанеме овде.

– „Проектот Обнова се обврзува и за комплетно нов закон за спорт со кој што ќе се задржат позитивните мерки, а истовремено ќе се следат и имплементираат актуелните спортски трендови во развојот на спортот и неговото унапредување. Истовремено и зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот.
Воспоставување на современа спортска медицина, воведување на високи стандардиво здравствената  заштита и медицинските прегледи од областа на спортот, изградба на национален центар за спорт, спортски комплекс за летни и зимски подготовки на спортистите, одржување на турнири и младински првенства во различни спортови како и нови сместувачки капацитети за учениците и студентите од областа на
спортот“.

Ова се клучните стратешки определби кои што ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира во наредниот период. Затоа гласот за број 14 е глас за обновена Македонија.

Коронавирус