среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Мицевски: Никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ

Мицевски: Никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ

Денес не е ден кога треба да се зборува за други теми во Собранието на Република Македонија. Денеска е ден за протести и будење на Македонија. Македонија не задолжила сите и македонци и турци и албанци, бошњаци , срби, роми и сите останати граѓани на нашата земја. Вчера беше понижувачки ден за македонскиот народ, македонската држава и македонските национални интереси. Вчера беше ден кога целата македонска јавност беше сведок на најсервилното интервју во изминативе триесет години од било кој политичар, изјави денеска за медиумите, Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека никој досега на ваков начин не ја клекнал на колена Македонија и македонскиот народ.

– Вчера Зоран Заев ја понижи Македонија. Вчера Зоран Заев наместо македонските интереси ги застапуваше бугарските интереси и со полно право нашиот народ е бесен и се чувствува понижен. Денес е ден кога приоритет треба да бидат македонскиот народ и Република Македонија кои што како никогаш досега се загрозени од овој човек кој што е спремен на се, на штета на националните интереси, дециден е Мицевски.

– Денеска треба да се повикаат во Собранието Зоран Заев, Никола Димитров и Бујар Османи, ако треба и на затворена седница, да се поразговара за македонските црвени линии и да бидеме информирани како пратеници што е тоа што преговара и што се е спремен Зоран Заев да продаде од македонската држава. Дополнително, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме денеска, македонскиот народ да се обедини на над партиски протест со почеток од 18:00 часот од СЦ Борис Трајковски кој ќе заврши пред Владата, заради пандемијата со КОВИД 19 , замолуваме на почитување на мерките и протоколите за заштита, порачува тој.

Коронавирус