среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 156
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Мицевски кон Џафери: Во брзање да почнете со седницата заборавивте дека немате претставник од министерството за финансии

Мицевски кон Џафери: Во брзање да почнете со седницата заборавивте дека немате претставник од министерството за финансии

„Сакајќи да покажете германска точност и прецизност повторно ги изместивте работите и ги вративте на начинот на кој што единствено знаете да функционирате. А, тоа е без ред, без договор, и без почитување на правилата односно Деловникот“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница обраќајќи се на Талат Џафери.

Мицевски додаде дека Талат Џафери уште на самиот почеток на седницата не најави кои се присутни и отсутни во салата и веднаш започна со точката, а тоа е непочитување на Деловникот.

„Сакавте да почнете во 12 часот на време меѓутоа и на самиот почеток на продолжетокот на седницата не го испочитувавте сценариото односно не најавивте кои се присутни, кои се отсутни и отпочнавте со точката. Во брзање заборавивте дека немате претставник од министерството, кој што треба да присуствува согласно Деловник на расправата по однос на точката за која што дискутираме, а тоа е од министерството за финансии“, појасни Мицевски.

Мицевски побара на седница да има претставник од министерството за финансии.

„Барам да се испочитува правото односно обврската да има претставник од министерството за финансии за да можат пратениците од опозицијата, кои што се присутни на седницата, да има на кого да ги поставуваат своите прашања.

Мицевски нагласи дека тие од министерството за финансии имаат обврска денес да бидат во Собранието. Владејачкото мнозинство нема интерес денес да дискутира по точката, туку е тука само да дига рака за гласање.

Коронавирус