вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 90
home Вести

Мицевски: Каде е оставката од Филипче, дали воопшто е поднесена или ова е само една игра на власта ?

Мицевски: Каде е оставката од Филипче, дали воопшто е поднесена или ова е само една игра на власта ?

Не сте во право претседателе, затоа ќе го искористам своето право на процедурално, на самиот почеток вие рековте дека ќе воведете една постапка во Собранието, јас да ви кажам дека ваква пракса има. Во 2013 година е поднесено барање од тогашната опозиција Социјалдемократскиот сојуз, НСДП и другите партии за врз основа на Член 68, став 1, алинеа 16 од Уставот на Македонија и Членот 22 од Деловникот за разрешување на друг член на Собранието односно Носител на јавна функција. Тогашното Собрание тој материјал не го вратил како вас, од правни причини дека материјалот е неуреден и било ставено како точка на дневен ред на 75-тата седница на 30.10.2013 година и Собранието, тоа сме ние 120 пратеници одлучиле да ја симнат точката од предлог на дневен ред и така ќе беше доследно да го направите, ова денеска преку собраниската говорница го истакна пратеникот и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Меѓутоа вие не сакате да се доведете во ситуација, да пред Собранието се стави да се гласа нешто за што ние сега како пратеници сме во недоумица, министерот за здравство Венко Филипче и заменикот министер дали поднеле оставки. Ние оставки немаме видено.Уставот во Член 219 вели дека член на Влада има право да поднесе оставка и оставката е поднесена, ние оставката ја имаме како што е поднесена, кое е сега тоа да го цитира дали оставката е поднесена или не премиерот на Владата Заев којшто треба да ја испрати оставката во Собранието. Собранието кога ќе добие оставката почнуват вашите процедури, а вие официјално немате добиено никаква оставка, кога ќе ја добиеме оставката, каде е таа, патува од Валда, чекаме да видиме дали ќе биде прифатена. Министерот сака од морални причини да си поднесе оставка, дали вие му ја оспорувате или целото ова е одредена игра којашто треба да се случи во самото Собрание. Во Член 219 од Деловникот , оставка од член на Влада до претседателот на Собранието се поднесува од претседателот на Владата, став 3, а став 1 претседател на Влада или член на Влада можат да поднесат оставка. Продолжува во Член 220, Собранието на прва наредна седница ја констатира без претрес оваа одлука . И сега каде е оставката има ли воопшто оставка, да не се лажеме самите себе, слушаме директор, економски директор поднеле оставка, дали тие оставки се поднесени? Дали директорот и заменик директорот доставиле оставки до министерот сеуште актуелен и дали заменик министерот и министерот доставиле оставки до Влада?, прашува Мицевски.

Тој додава дека точно во Деловникот во Член 220 пишува дека на наредна седница се доставува од претседателот на Владата, сега вие се лутите зашто вас ве повикуваат и на совеста ваша, затоа што се ставате да браните нешто кое не е ваше, премиерот на Владата треба да достави. Вие материјалот на Пратеничката група кој ви е уредно доставен за одлуката којашто ја слушаме од медиумите не ја ставате како точка на гласање.

-Вие не може вака да се однесувате со ваква една сериозна тема и преседанот којшто вие сега го правите е лош, затоа што за истото имало практика уште во 2013 година да се бара оставка, односно одлука за разрешување на носител на јавна функција, истакнува Мицевски.

Коронавирус