петок, 23. април 2021. Вести денес: 41
home Вести

Мицевски: Иницијативата за собирање на потписи ја поднесуваме заради сериозни забелешки на Законот за попис

Мицевски: Иницијативата за собирање на потписи ја поднесуваме заради сериозни забелешки на Законот за попис

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски во гостување во „Утрински Брифинг“ кажа дека иницијативата за собирање на потписи ВМРО – ДПМНЕ ја поднесува пред собранието поради сериозните забелешки на законското решение за законот за попис како европското знаменце на законот и неможноста за транспаретна дебата по основ на самото законско решение. Дополнително тој потенцираше дека забелешите се и во однос на роковите и на двојниот потпис.

– Иницијативата пред собранието ја поднесуваме затоа што имавме сериозни забелешки на самото законско решение на законот за попис. Како што знаете во Р.Македонија повеќе од 20 години не е одржан попис и ние дојдовме во ситуација да пописот односно законот за пописот кој што е единечен акт и се поднесува секогаш кога има попис да биде едно законско решение во кое што не се дадени сите факти. Забелешката е прво за европското знаменце на законот и неможноста за транспарентна дебата по основ на ова законско решение. Имаме огромни сомнежи затоа што начинот на кој што влезе во собранието не ни дава за право да веруваме дека ќе биде транспарентна и статистичка операција. Забелешки по основ на самото законско решение затоа што кога се прави едно законско решение специјално за ваква намена во него треба да ги има дефинициите кое е резидентно население и слично, државјанин.Покрај тоа имаме забелешки на роковите кои што се дадени таму, имаме забелешки на двојниот потпис. Зошто е потребен двоен потпис од одредена институција кога во таа институција имаме директор на Државниот завод за статистика која е улогата заменик директорот да го потврди пописот ако веќе се работи за статистичка операција.И многу други забелешки истака Мицевски.

Пратеникот Мицевски појасни дека иницијативата за собирање на потписи за прекинување на важењето на законот за попис е постапка која има одредена форма и започнува во наредните денови.

Оваа иницијатива започнува во наредниве денови значи поведувањето на иницијатива е постапка која што има одредена форма. Тоа се оди согласно член 3 став 2 и член 66 од законот за референдум и други обливи на непосредно изјаснување на граѓаните. Денеска планираме да ја поднесеме иницијативата на која што овластен предлагач ќе биде Христијан Мицкоски , се собираат 100 потписи за отпочнување на постапка за иницијатива. Откако ќе се соберат тие 100 потписи во подрачните единции во Државната изборна комисија собраните потписи заедно со записниците се доставуваат до собранието каде што обврска на претседателот е до законодавно правната комисија и матичната комисија да ја разгледа уредноста на иницијативата.

Доколку иницијативата е уредна таа истата се враќа претседателот на собранието го известува претседателот на владата кој што има обврска за уредноста на иницијативата да ја извести Државната изборна комисија и која што во рок од 20 дена отвора постапка односно собирање на потписи за прекинување на важењето на законот за попис додаде Мицевски.

Коронавирус