сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Имавме предложено амандмани за амбулантни возила, но власта не убедуваше дека не биле потребни

Мицевски: Имавме предложено амандмани за амбулантни возила, но власта не убедуваше дека не биле потребни

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, изјави дека пратениците од владеачкото мнозинство не се координирани, во однос на амбулатни возила имавме предложено амандмани кои не поминаа, но ако власта изреагира на апели на социјални мрежи, чуму ни се пратениците во Собранието.

Мицевски посочи дека пратениците од владеачкото мнозинство се некоординирани и очигледно дека мерките ги носат од ден за ден настапуваат по тоа кога ќе изреагира некоја фела или група на граѓани, утре имаме нови мерки кои се сосема различни од првите мерки.

Ние предложивме да седнеме и да разговараме со власта и да ги донесеме мерките заеднички, но одговор од Владата и од нивната пратеничка група нема, од другата страна се нема желба да се седне на маса, вели Мицевски.

Мицевски посочи дека пратениците побарале специјална комисија која пак ќе биде на предлог на Владата, но да има луѓе од фелата во таа комисија, во врска со пандемијата, но сеуште немаме одговор од страна на власта и министерството за здравство, а препукување по медиумите читаме за одредени предлози на експертите.

За ребалансот на Буџетот беа поднесени амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но бевме убедувани од власта дека не биле потребни на болниците, а и немало време за да бидат набавени, па прашањето е зошто се пратениците во парламентот кои не ги прифаќаат таквите амандамни,ама ако имаме апели на директори на социјални мрежи тогаш се излегува во пресрет, праша Мицевски.

Коронавирус