среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Мицевски: Имаме огромна поддршка од граѓаните, оваа ненародна власт мора да си замине

Мицевски: Имаме огромна поддршка од граѓаните, оваа ненародна власт мора да си замине

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите кои што започна да ги организира уште од 9-ти ти септември.

-Протестите добиваат на својата масовност и преку нив ги презентираме загриженоста на граѓаните на Република Македонија, по основ на се она што се случува во државата. Мотив на денешниот протест е неправдите, корупцијата, криминалот и прогонот кој што оваа ненародна власт го извршува секојдневно, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во денешното вклучување во централниот дневник на ТВ Алфа.

Мицевски истакна дека револтот на граѓаните секојдневно расте, а за тоа говорат и протестите кои што се се помасовно поддржани од страна на граѓаните, како и дека овие протести се со цел оваа ненародна власт да си замине што побрзо од власт.

-ВМРО-ДПМНЕ започна заедно со граѓаните да ги артикулира нивните барања односно да бара промена на оваа власт. Се протестираше против покачување на цената на струјата, нешто што не беше најавено од страна на власта, протестиравме за Гоце Делчев за поддршка на историчарите и сето она што тајно се преговара зад затворени врати со идентитетот и со основоположникот на македонската нација. Затоа и денеска продолжуваме во седум наши градови, се окрупнуваат протестите, се окрупнуваат барањата на граѓаните и од таа причина значи денеска сме тука заедно со целиот опозициски, односно десничарски фронт кој што од ден на ден е се поголем и дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во организацијата на овие протести за еднаш веќе после три години оваа ненародна власт да си замине и да прекинат сите неправди и прогони кои што ги прават а оди контра интересите на македонските граѓани, рече тој. Очекувам да се зголеми поддршката на граѓаните затоа што секојдневно ни приоѓаат, затоа што секојдневно доаѓаме во разговори со граѓаните за сите неправи кои што се случуваат, за сите лажни ветувања кои што ги даваа изминатиот период. Не толку одамна беа протестите кои што ги организираа лозарите, гледаме дека и оризопроизводителите но и сите се излажани, додаде Мицевски.

Мицевски коментирајќи ја изјавата на Заев дека проектот викенд без ДДВ поминал лошо бидејќи граѓаните се сиромашни, рече дека тоа е дополнителен мотив за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи заедно со граѓаните да ги промовира мерките кои што ќе значат напредок и развој на државата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

-Самиот премиер по однос на неуспешниот викенд без ДДВ кажа дека граѓаните во Република Македонија се сиромашни. Такво признание од страна на премиер на една држава кој што го даде во изминатиот период е еден огромен мотив за нас како ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме заедно со граѓаните, заедно со целиот опозициски фронт и повторно ќе кажам кој се окрупнува од ден на ден, да ги промовираме нашите мерки и сето она што значи напредок и развој на државата на чело со ВМРО-ДПМНЕ, секако по рушењето на оваа ненародна власт, чија што единствена цел е богатење, непотизам, делење на тендерите и лиценци на луѓе блиски до власта за кое и граѓаните го гледаат секојдневно, кажа Мицевски.

-Јас како координатор на пратеничката група кажав дека оваа власт го нема потребното мнозинство за функционирање во собранието, бидејќи 62 пратеници се доволно само за изгласување на дневен ред. Во ситуација во која што се наоѓаме, и на начинот на која што оваа влада беше формирана и веројатно планирала да работи, не пресметала дека 58 пратеници од опозицијата значат голем притисок врз власта и дека во наредниот период ќе имаат проблем, не само вон институционално, односно делување на улица на ВМРО-ДПМНЕ, туку и институционално внатре во собранието, нагласи тој.

Коронавирус