сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 3
home Вести

Мицевски: Граѓаните очекуваат конкретни одговори од институциите кои секојдневно ги задолжуваат и осиромашуваат!

Мицевски: Граѓаните очекуваат конкретни одговори од институциите кои секојдневно ги задолжуваат и осиромашуваат!

Додека од неталентираните и потпросечни министри за финансии и информатичко општество и администрација, ги очекуваме да почнат со реформите, во Република Македонија постојат закони кои не се почитуваат и грубо се прекршуваат од страна на органите на државната управа и јавните институции, реагира Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, согласно член 8, 9 и 13 од Законот за трансформација во редовен работен однос, Институциите не смеат да ангажираат лица за извршување на физичка или интелектуална работа, врз основа на договор на дело повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, односно повеќе од три лица во институциите во кои вкупниот број на вработени е помал од 300 лица, по исклучок од членот 8 од овој Закон, институциите може да ангажираат лица над утврдениот процент и со поголемо времетраење од предвиденото по претходно обезбедена согласност од Министерството за финансии.

-Во казнените одредби на овој закон, меѓу другото стои и: Лицето кое раководи со институцијата која ќе ангажира лица за извршување на физичка или интелектуална работа, врз основа на договор на дело или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа во процент поголем од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, а кој нема согласност за тоа од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години. Граѓаните и даночните обврзници имаат право да дознаат за вашето расипничко управување и раководење со институциите и основано и легитимно ве прашуваме: Колку лица се ангажирани во институциите со договор за дело? За кој вид на извршување на физичка или интелектуална работа се ангажирани? Колку надзори се извршени и дали се утврдени неправилности во примената на Закон за трансформација во редовен работен однос? Бидејќи очигледно е дека немате елементарно познавање на законите или свесно дозволувате злоупотреби, ве потсетуваме дека со договор за дело може да се ангажираат лица кои ќе извршуваат физичка или интелектуална работа, само доколку истата не е предвидена во опис и попис на работните задачи на институцијата, вели Мицевски.

-Министерството за финансии, кое исто така спротивно на Закон има издадено 417 согласности на незаконски годишни планови за 2018 година, не ги интересираат вработувањата во институциите, бидејќи функционерите парите за плати и придонеси ги носат од дома! Напротив, согласно Закон и општо познато е дека без согласност од Министерство за финансии односно без потпис од министерот, Драган Тевдовски не може да се реализира ниту едно вработување. Срамно и несериозно е министерот, Драган Тевдовски, чуварот на државната каса, до сега да не одговори на конкретно поставените прашања од претходните прес конференции и воедно да одговори за секое поединечно вработување во институциите, за кое тој лично има издадено согласност, не за профилот на вработените како што одговараат од министерството, не бараме од министерот Драган Тевдовски да објаснува колку доктори и медицински сестри недостигале во здравството, за државните пари со кои се финансираат вработувањата прашуваме, односно од кој Буџет се финансирани вработувањата, дали се планирани и како ќе им обезбеди плата во иднина!? Врз основа на кој закон министерот Тевдовски правел отстапки и издавал согласности за вработувања и согласности на годишни планови за вработување за 2018 година, пробивајќи ги сите законски рокови и после изгласувањето на Буџетот за 2018 година, кога сите знаат дека планирањето се врши пред изгласување на секој буџет, или се работи за некој нов дански модел кој дозволува произволно и на дневна основа, Драган Тевдовски да менува и троши државни пари како што сака!?, прашува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски порачува дека граѓаните и даночните обврзници очекуваат конкретни одговори од институциите кои секојдневно ги задолжуваат и осиромашуваат!

Коронавирус