четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 170
home Вести

Мицевски: Економијата од ден во ден тоне, а пензионерите се на работ на заборавот од оваа влада

Мицевски: Економијата од ден во ден тоне, а пензионерите се на работ на заборавот од оваа влада

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во обраќањето на вестите на Канал 5 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува континуирано со протестите кои што ги организира еден подолг временски период, се со една цел за реафирмирање на сите оние штетни политики кои што СДСМ и владата ги прават за граѓаните на Република Македонија.

-Поминаа скоро две години откако беа избрани за власт, за влада во Република Македонија игледаме дека сето она што беше ветено на македонските граѓани, ништо не се испорачува. Економијата од ден во ден тоне, градежништвото ни е на лоша основа, капиталните инвестиции во државата, здравството и ветувањата кои ги даваа, пензионерите се на работ на заборавот од оваа влада, потенцираше Мицевски.

Тој во своето обраќање ги потенцирашње и барањата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се:

-Оставка на министерот Никола Димитров

-Оставка на министерот Оливер Спасовски

-Наоѓање мерки за решавање на аерозагадувањето

-Укинување на прогресивниот данок којшто се планира да се воведе за граѓаните на Република Македонија.

-Разрешување на скандалот со прислушкувањето на јавните обвинители

Тој уште еднаш повтори дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на собраниската седница на деветти јануари.

Парламентарни избори 2020