среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 145
home Вести

Мицевски: Единствено што знае СДСМ е да задира во Уставот на Република Македонија

Мицевски: Единствено што знае СДСМ е да задира во Уставот на Република Македонија

Доцна вечерва на седницата на Собранието на Република Македонија се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој изрази незадоволство и потенцираше дека оваа гарнитура на власт освен што тежнее во задирање на уставот и иницирање уставни промени, не прави ништо друго.

Мицевски исто така истакна дека е крајно некоректно што седницата која била закажана за 17ч е неколку пати преместена, за конечно да почне по 21ч.

-Во текот на вечерта е испратен допис во кој се бара повлекување на предлог законот за Јавно обвинителство како и предлог законот за Совет за јавни обвинители кои не биле потпишани од техничкиот премиер кој согласно прописите треба да ги потпише овие документи. Впрочем во истиот допис биле предложени и нови предлог закони и измени кои повторно на шверцерски начин сакаат да се протнат, вели Мицевски. “На крајно невкусен начин СДСМ и гарнитурата на власт го повлекле предлог законот за ЈО, како и предлог законот за Советот на јавни обвинители без истиот да се изгласа на Влада. На ист начин се предложени и новите предлог измени кои се доставени до нас додека ние чекавме да започне седницата која што започна во 21ч, а требаше во 17ч. Од тука можеме да видиме во каков хаос е Владата и дека на секаков начин ќе бара сламка за спас. Но, нема да успее, рече Мицевски.

Тој додава дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат тука додека е потребно и ќе ги штити интересите и барањата во однос на законот за ЈО.

-Покрај оваа седница, закажана била и нова 135-та седница за која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не биле известени туку случајно дознале дека истата е закажана. Односот на Талат Џафери, Оливер Спасовски и сите инволвирани во овој процес е крајно селективен и некоректен и тоа доведува до ваква тензична атмосфера која што СДСМ сака вештачки да ја создаде, заврши Мицевски.

Коронавирус