понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Мицевски: Две и половина години ветувањата за инвестиции во Штип “стооо”

Мицевски: Две и половина години ветувањата за инвестиции во Штип “стооо”

„Штип нема да добие карго аеродром. Инвестиција договорена од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нема да се реализира. Ваквото откажување од проектот нема да ја заживее источна Македонија, потенцијал за влез на инвестиции, отворање на нови работни мести за целиот регион, со што приливот во буџетите на општините од регионот ќе се зголеми на долг рок“, стои во Фејсбук статусот на пратеникот Никола Мицевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес, старо-новиот министер за економија, Крешник Бектеши ветува дека парите наменети за карго аеродром во Штип ќе биле пренаменети за градинки, училишта, водоводи, канализација, инфраструктура и слични проекти од јавен интерес за штипјани. Пред две години министерот за транспорт и врски го ветуваше истото, па дури и се направија потребните законски измени. Инвестициите во Штип како резултат на ова ветување се точно 0 евра. Токму ова е причини што новиот министер за транспорт и врски, односно довчерашен градоначалник на Штип, Благој Бочварски нема образ да се појави пред граѓаните и да ветува една иста работа по втор пат, пишува тој.

Мицевски потенцира дека како пратеник од Штип цени дека инвестициите од ваков јавен интерес треба што поскоро да почнат. Тој лично смета дека карго аеродром ќе има поголем бенефит за целиот источен регион.

Коронавирус