недела, 16. февруари 2020. Вести денес: 72
home Вести

Мицевски: Добивките кои се случуваат во Македонија се резултат од компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе додека беше на власт

Мицевски: Добивките кои се случуваат во Македонија се резултат од компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе додека беше на власт

На денешната собраниска седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивно и потсети дека СДСМ ветуваше дека рамниот данок ќе предизвика даночна енвазија, дека ќе се врати средната класа во државата и богатите ќе плаќаат повеќе, а сиромасите помалку. Имено тој посочи дека владата на СДСМ направи да богатите имаат повеќе, сиромасите да плаќаат повеќе.

– Анализа направена во 3 квартал минатата година, не ја видовме, немаше јавни дебати како што правите дебати за се и сешто па да продискутираат економистите или свесни дека влеговте во грешка со главната мерка која што требаше да биде двигател на економијата, која што требаше да ја покрене економијата, таа една од многуте, рече Мицевски.

Тој во своето посочи дека СДСМ кога беше во опозиција ги напаѓаше технолошко-индустриските зони, го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ за тие компании, а сега се кити со истите тие работи и добивките кои се случуваат во Република Македонија се само од тие странски инвестиции.

-54 странски инвестиции дошле во Македонија, ниту фабрика видовме, ниту разбравме која како се вика. Странски компании кога влегуваат во државата, се знае што е странска компанија, како влегува и колку вработени повлекува. Единствените вработувања ги правите само во администрацијата, а тоа ќе се случува и во наредните денови затоа што информациите кои ги имам, огласите околу Нова Година ќе бидат пакетчињата за граѓаните, а треба да ги платат на крајот, додаде Мицевски.