петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Мицевски до СДСМ: Во Штип во 2017 имало 2.099 невработени, а денес имаме за 345 лица повеќе невработени бројката изнесува 2.444

Мицевски до СДСМ: Во Штип во 2017 имало 2.099 невработени, а денес имаме за 345 лица повеќе невработени бројката изнесува 2.444

На денешната собраниска седница се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски при што порача на неговиот колега Велковски дека зголемување на приходната страна го има од зголемување на акцизата на гориво, во зголемување на други приходи до ставање на дополнителни даноци.

ИТ секторот во Република Македонија го изгубивме поради погрешните политики на власта, мерки кои што направија луѓето да регистрираат фирми во земјите околу нас за да можат да работат, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека тоа е жал реалноста во Република Македонија.

Во делот околу популистичките мерки имам еден податок кај мене, кај што бројот на невработени лица во 2017-та година во Штип бил 2.099 луѓе. Бројот на невработени лица во 2019-та година е 2.444 луѓе или 345 повеќе невработени лица во Штип. Или 15% повеќе невработени во Штип, истакна Мицевски.

Коронавирус