сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 85
home Вести

Мицевски до СДСМ: Вашата влада нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира

Мицевски до СДСМ: Вашата влада нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски во своето обраќање на денешната собраниска седница посочи дека оваа влада преводена од СДСМ нема капацитет да планира економски мерки и истите да ги реализира, а за тоа доказ е и економската состојба на државата и реализираните капитални инвестиции.

-Од проектираните средства за трите пакет мерки на имаме реализација над 33% од вкупните средства. Или од прилика 550 милиони евра колку што се планирани да бидат вратени на граѓаните и на стопанството, реализирани се 180-190 милиони евра, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека така ќе биде и со четвртиот пакет на мерки, затоа што во поголем дел од мерките има доста скриени работи кои што подоцна излегуваат на виделина, и не можат да се реализираат во стопанството планираните средства.

-Секаде има некое дополнително ставено во запирка, или со мали букви треба да се реализира ова за да се добие тоа, треба да го има ова за да се добие другото. Така да не очекувам дека овие пакет мерки ќе го дадат саканиот резултат. Зошто го зборувам ова? Ние за да излеземе од целата оваа работа, вие во самата ваша дискусија рековте да не се држиме до капиталните инвестиции, и дека сега сме во таква ситуација во која што се наоѓаме и не може да се реализираат капиталните инвестиции. На крајот на денот капиталните инвестиции се тие што создаваат додадена вредност во економијата, го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, појасни Мицевски.

Мицевски посочи дека капиталните инвестиции се инвестиции кои што практично работата за подобрување на климата во економијата. Поради неспособната власт во Македонија капитални инвестиции немаше и кога не постоеше КОВИД-19.

-2018-тата година немаше КОВИД-19, капитални инвестиции процентот од БДП најслаб имаше 1.8%. А, во 2019-тата година капитални инвестиции имавме 2.6% од БДП. Оваа влада нема капацитет за да планира економски мерки и истите да ги реализира, нагласи Мицевски.

Коронавирус