понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски до Минов: Од помпезните 500 илјади евра, предизборно сакате да ги поткупите сточарите за 4.360 денари

Мицевски до Минов: Од помпезните 500 илјади евра, предизборно сакате да ги поткупите сточарите за 4.360 денари

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во собраниска дебата со пратеникот Панчо Минов, истакна дека ова е легален начин за поткуп на гласачите, затоа што од 120 милиони евра кои се планирани за директни субвенции за сите мерки, помпезно продолжувате да кажувате дека се исплатени 500 илјади евра за 7.000 сточари и со тоа легално се поткупуваат гласачи во земјоделието.

-Му се заканувате на министерот да ги исплати сите субвенции затоа што доаѓа изборна година, ова е легален начин за поткуп на гласачите. Помпезно звучи бројката од 500 илјади евра за сточарите, но ако тој број од 500 илијади евра се подели со 7000 сточари, излегува дека еден сточар ќе добие 4.360 денари или само 15 килограми јагнешко месо,вели Мицевски.

Тој додаде дека власта со ова бројка може само да ја замајува јавноста, но не и сточарите, затоа што оваа математика е направена од сточари, тие кажуваат и реагираат на ова, а 15 килограми е едно младо јагне, толку имаат добиено пари сточарите во Македонија.

-Ниту им се исплатени средствата за млекото, ниту сите оние барања коишто тие ги имаат кон министерството за земјоделие, дополнително господине Панчо Миинов не се исплатени 50 милиони евра директни субвенции коишто земјоделците ги чекаат по разни основи. Не се исплатени ниту јаболкарите од измрзнувањето, иако г-ѓа Шеќеринска и вицепремиерот пред три дена беа таму и ги лажеа земјоделците дека се е спремно. Не се исплатени сливарите исто така, му реплицираше Мицевски на пратеникот Панчо Минов.