понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски до министерот за земјоделие: Треба да зборувате на темата на која што сте повикан, а не политиканство да водите

Мицевски до министерот за земјоделие: Треба да зборувате на темата на која што сте повикан, а не политиканство да водите

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниската седница посочи дека гостите во Собранието треба да внимаваат како се однесуваат, министерот за земјоделие е повикан како гостин да одговори на темата за која што е повикан, а не да води политиканство.

Јас замолувам да и гостите во ова Собрание кои што доаѓаат, а тоа се министрите да внимаваат како се однесуваат. Затоа што министерот за земјоделство денеска е дојден по основ на законот за вино, а не да бистри политика. Затоа што сите 120 пратеници овде во ова Собрание се избирани од граѓаните и тие имаат легитимитет да зборуваат за теми кои што сметаат дека се битни и се во контекст на сето она што се случува, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека министерот за земјоделие треба да зборува на темата на која што е повикан, да зборува зошто не се исплатени парите на оризарите, да зборува зошто не се исплатени измрзнувањата во Ресенско и Пијанечко, а не политиканство да води тука.

Затоа ќе ве замолам уште еднаш и вас, да и гостите во ова Собрание кои што доаѓаат се однесуваат согласно Кодексот за добро однесување и да внимаваат како се однесуваат, истакна Мицевски.

Коронавирус