четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицевски до министерката за финансии: Време е веќе да се фокусирате на државата, на сериозноста на улогата која што ја имате во неа

Мицевски до министерката за финансии: Време е веќе да се фокусирате на државата, на сериозноста на улогата која што ја имате во неа

На денешната седница на Комисија за буџет и финансирање, пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека односот на министерката за финансии станува алармантно загрижувачки кон Комисијата за финансирање и буџет, и кон пратениците.

-Осми ден, министерке за финансии се одржува расправа во Комисијата, седми ден Вие не присуствувате на истата. Доколку минатата недела имавме и некое оправдување, а го немавме да го знаете тоа од почеток, дека примате некоја почесна награда мислам дека време е веќе да се фокусирате на државата, на сериозноста на улогата која што ја имате во неа, а тоа е министер за финансии. И да се посветите на она што Ви претставува дел од Вашите работни обврски, истакна Мицевски.

Мицевски додаде дека разгледување и дебатирање за амандманите на пратениците по однос на ребалансот на Буџетот за 2019 година е една од обврските на министерката. Многу бргу ќе дојде и Буџетот, а министерката ги нема слушнато ниту основните проблеми на граѓаните на Република Македонија.