Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денес на собраниската седница истакна дека обично после говор на министер за финансии по однос на буџет или ребаланс опозицијата или пратениците бараат стенограм, меѓутоа ние денес нема да побараме стенограм затоа што ова што министерката за финансии го говореше е буквално целиот текст кој што веќе го имам од Комисија за финансирање и буџет.
И морам да кажам дека има една изјава, тимот кој што ја подготвувал ова на министерката има сменето таму во Извештајот, односно во говорот што беше за Комисијата. Пишува за времето јануари – август, а бидејќи овде се случува после септември промената е јануари – септември, додаде Мицевски. Мицевски рече дека вакво нешто се нема случено во македонскиот Парламент.
Госпоѓице министерке, јас не толку до Вас, меѓутоа до пи-ар тимот кој што работи за Вас и оние кои што подготвуваат нешто барем можеа да го променат редоследот на реченици кој што е во овој говор Ваш, посочи Мицевски.