среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 148
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Мицевски до Џафери: Со закон бараме оризот да биде стратешка култура, а вие го кочите и 5 дена не можете да преведете само еден збор

Мицевски до Џафери: Со закон бараме оризот да биде стратешка култура, а вие го кочите и 5 дена не можете да преведете само еден збор

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска од собраниската говорница побара од претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница на дневен ред да бидат ставени и предложените измени во  некои законски решенија кои беа поднесени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија„.

-Очекував дека дневниот ред на оваа седница ќе го дополните и со законите кои што ги поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија„ затоа што од четвртокот односно од пред 4-5 дена од денес поднесовме десет законски решенија по скратена постапка. Во одредени закони има измена од само еден збор. На пример во законот за Земјоделство и рурален развој покрај пченицата како стратешка култура, предлагаме да биде и оризот и вие сега ќе ми кажете дека само зборот „и оризот„ го преведувате 5 дена и дека немаат време службите да го преведат. Тоа нема да биде одговор затоа што согласно деловникот законите за скратена постапка се поднесени три дена пред почетокот на самата седница и ваша обврска е приоритетно да ги преведете законските решенија кои што ги поднесуваат пратениците а треба да бидат состав дел на оваа седница, му порача Мицевски на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Коронавирус