петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Даночните приходи во предлог буџетот за 2020 година власта нереално ги зголемува за 6 проценти

Мицевски: Даночните приходи во предлог буџетот за 2020 година власта нереално ги зголемува за 6 проценти

Денеска започна дискусијата во собраниската Комисија за финасирање и буџет за Предлог буџетот за 2019-та година. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со свои мислења за предлог буџетот за 2019-та истакна дека власта нереално ги зголемува даночните приходи за 6 %, имајќи ги во вредвид инфлацијата и реалниот раст на приходите, проектираните даночни приходи во предлог буџетот не се можни.

-Нереални се даночните проходи, владата иако повторно го воведува рамниот данок, даночните приходи нереално ги зголемува за дури 6 %. Имајќи во предвид дека стапката на инфлација според НБРМ за 2020 година е проектирана на 1,5 %, реалниот раст на приходите , којшто е и всушност и прокси за реалниот раст на економијата ќе изнесува 4,5 %. Сето ова не е можно ни во услови да останеше рамниот данок, вели Мицевски.

Во однос на неконзистентните политики на власта односно на министерството за финансии за даночната мерка која власта ја бранеше пред неколку месеци,во предходниот период само со едно соопштение од министерството за финансии се откажа власта одеднаш од даночната мерка за прогресивен данок истакна пратеникот.

Пратеникот посочи дека власта врши очигледен предизборен поткуп конкретно за пензионерите, затоа што дури сега се насочила да ги зголемува пензиите, и оценила дека се ниски пензиите.

-Колегиве пратеници сега гледам колку се грижат за пензионерите, сега одеднаш се сетија дека тие биле напатени и измачени луѓе, но лани кога им се даде само 36 денари зголемување не се сетивте дека ќе биде предизборна година, тие средства не беа планирани, па еве сега се наоѓаме на прагот на избори, вели Мицевски

Тој вели дека сеуште има билборди низ Македонија за 500 евра плата, на што наседнуваа граѓаните во Македонија, па сега истото со популистички мерки во предизборен период власта сака да ги излаже пензионерите.

Коронавирус