петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 165
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

Мицевски: Безбедноста и здравјето на граѓаните се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и од тоа не отстапуваме

Мицевски: Безбедноста и здравјето на граѓаните се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и од тоа не отстапуваме

Безбедноста и здравјето на граѓаните се приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и од тоа не отстапуваме, истакна Никола Мицевски, кој беше кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за иден пратеник на наредните избори.

Тој во емисијата „Стадион“ на канал 77 истак дека една од главните цели на ВМРО-ДПМНЕ, на престојните избори кога и да се одржат, е да го победи вирусот Заев кој што ја уништува Македонија, и по формирањето на Владата да се справи со пандемијата со корона вирусот.

Мицески додаде дека во овие изминати три месеци каде што во Македонија имаше вонредна состојба се случија бројни злоупотреби од страна на власта.

– Изминаа три месеци од воведувањето на вонредната состојба во Македонија и злоупотребите од страна на власта кои што сите ние ги гледаме. ВМРО-ДПМНЕ има континуирана положба и став во однос на состојбата и она што се случува кризата. Безбедноста и здравјето на граѓаните се приоритет и од тоа не остапуваме. Во однос на изборниот процес кој што ќе следи во некој нареден период исто така имаме одредени услови кој што не се наши, тие треба да се одржат согласно изборен законик согласно изборните дејства кои што ги има Државната изборна комисија. Така да, не отстапуваме од здравјето и безбедноста на граѓаните, посебно не во оваа состојба, рече Мицевски при што додаде дека избори треба да има кога ќе се намали бројот на нови заразени случаи со корона.

Мицески побара одговори од власта која е причината што минатиот викенд го ограничија правото на движење за од понеделник да отворат се како ништо да не било.

– Кога минатата недела ми ја ограниција мојата слобода од 80 часа во штип, а од понеделникот пуштивте буквално се да функционира, јас сакам да добијам одговор од властите која е причината што 80 часа ми го ограничивте движењето, да не можам основните намирници да ги набавам, за од понеделник како ништо да не било, рече Мицевски

Тој додаде дека иако беше очигледно дека во Штип ќе ескалира ситуацијата со конфекциите власта не го регулираше транпортот на вработени и дозволи во автобус да се возат по 50-70 луѓе.

– Зошто тие одредени ограничувања кои што сега ги ставија во текстилните компании во Штип, за кои се очекуваше денот кога нешто ќе се случи во тие конфекции затоа што патуваа по 50-70 луѓе во еден автобус. Зошто овие три месеци не го регулираа транспортот во автобусите за работниците од конфекциите како сега откако им ескалираше состојбата, констатираше Мицевски.

Коронавирус