вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Мицески: Поднесовме амандмани произлезени од потребите на граѓаните меѓу кои и за набавка на комјутери за учениците и за нови 50 амбуланти возила

Мицески: Поднесовме амандмани произлезени од потребите на граѓаните меѓу кои и за набавка на комјутери за учениците и за  нови 50 амбуланти возила

Во емисијата “Економски магазин,, каде тема на разговор беа амандманите предложени од опозицијата за буџетот за 2021 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески .

Тој кажа дека предложените амандмани на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата се произлезени од барањата и потребите на граѓаните на Р. Македонија додека дел се од нереализирани а ветени ппроекти од страна на владата.

-Тоа се амадмани кои што се поврзано пред се со барања на граѓаните , дел се од локален карактер односно нереализирани проекти и ветувања кои што ги има дадено оваа власт во изминатиот период а не ги реализирала за граѓаните и се барања на локалните заедници од каде што доааѓаат 44 пратеници на ВМРО ДПМНЕ и колациијата За Обнова на МАкедонија .
потенцираше Мицески.

Мицески додаде дека ВМРО -ДПМНЕ уште една покажала дека е одговорна партија и дека меѓу поднесените амандмани има и такви кои се донесуваат на централно ниво а се моментална потреба во државата.

Меѓутоа имаме и дел суштински односно поголми амаднмани кои што се однесуваат на централно ниво а кои што се однесувааат на мометални потреби во државата. Јас за да не задржувам ќе спомнам некои од тие амандмани . Пратеничката група на ВМРО -ДМННЕ уште еднаш покажа дека е одговорна и посветена за доброто на граѓаните . Амандмани поврзани со Ковид 19 кризата која што ја имаме , поднесовме амандмани за обезбедување на ПЦР тестови да бидат бесплатни за сите граѓани во државата се додека има позитивни од Ковид 19 и е некаде од 305 милиони денари . Имаме амандман за набавка на компјутери за наставниците во основните училишта и професори од средните училишта , амандман за набавка на 40.000 компјутери .Допнително имаме амандман за 50 амбулантни возила во градовите во цела Македонија истакна Мицески.

Најнови вести

Коронавирус