недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Вести

Метлата на Заев започна од Министерството за финансии?

Метлата на Заев започна од Министерството за финансии?

Советникот Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии преку својот Фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата.

-По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии.

Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.

Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии.

Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам, стои во неговиот пост на Фејсбук.