среда, 21. август 2019. Вести денес: 86
home Вести

Метлата на Заев ќе заиграла во јуни- промени и во Владата и во СДСМ

Метлата на Заев ќе заиграла во јуни- промени и во Владата и во СДСМ

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија коишто веќе имаат свои претставништва во Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп.

По состанокот тој најави дека т.н. метла ќе заигра во јуни.

– Тоа е тој квалитативен период којшто од некои десеттина дена – дванаесет го имаме пред нас, до почетокот на јуни буквално. Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во СДСМ, коишто ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. – рече Заев.