понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 137
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Метеоролозите со најава за дожд и грмежи- еве кога доаѓа промената на времето

Метеоролозите со најава за дожд и грмежи- еве кога доаѓа промената на времето

До крајот на денов во нашата држава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец, температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

И во текот на утрешнио ден ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 29 степени, во Скопје истата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа особено во вторник и во среда, претежно во западните предели и во попладневните часови ќе има повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со појава на грмежи.

Температурите на воздухот и понатаму нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Коронавирус