понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Метеоролозите најавуваат невреме со интензивен пороен дожд

Метеоролозите најавуваат невреме со интензивен пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме. УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната температура од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно. Утринската температура до 18, а дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Времето утре ќе биде нестабилно, особено во западните и јужните делови. Од сабота се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.

Коронавирус