среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Метеоролозите најавуваат нереме: Подгответе се за дожд, грмежи и засилен ветер

Метеоролозите најавуваат нереме: Подгответе се за дожд, грмежи и засилен ветер

Од утре па се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во исто време ќе бидеме и под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните часови ќе условува зголемена облачност и развој на нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално поради загреаната атмосфера има услови процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

Поради релативно високата влажност на воздухот но и поради нестабилноста понатаму ќе растат условите за позначителна спарина која особено кај метеопатите може да создава и здравствени проблеми. Исто така во атмосферата се наоѓа и незначително количество на Сахарска прашина и песок па така таму кај што ќе се појават врнежите дожот ќе остави траги на нечистотија.