понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Метеоролозите најавија пресврт со времето

Метеоролозите најавија пресврт со времето

Снегот кој изминативе два дена паѓаше во Скопје најверојатно нема да го дочека крајот на неделата. Слично ќе биде и во останатите градови низ Македонија.

Метеоролозите велат дека топол воздух ќе го истисне арктичкиот бран од овој дел на Европа и до крајот на неделата ќе имаме значително повисоки температури кои според најавите ќе бидат над просекот за почетокот на март и се очекува да се за околу 20 степени повисоки од актуелните.

Сепак, до тогаш треба да го издржиме арктичкиот бран кој врвот ќе го има утре кога температурите ќе се спуштат и до 20 под нула, а во Скопје до минус 15.

Во минус цел ден ќе бидеме уште во чртврток, а од петок почнува топење на снегот и температура во позитива како минимум и 4 максимални во текот на денот.

Во сабота и недела ќе почне да заличува на пролет со температури над 15 степени но и врнежи од дожд. Сончево време се очекува од понеделник со дополнително затоплување.

Најнови вести