вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 72
home Вести

Метео: Слаб снег и ветер со 70 км/час

Метео: Слаб снег и ветер со 70 км/час

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег, особено на северот од земјава.

Ќе дува повремено силен северен ветер со брзина и над 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од минус шест до шест степени.

Во Скопје, облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до три степени.

Од понеделник следува период на стабилно и посончево време со умерен северен ветер и ниски утрински температури.