вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 148
home Вести

Мета во посета на Пустец: Максимална поддршка за заштитата на македонскиот национален идентитет

Мета во посета на Пустец: Максимална поддршка за заштитата на македонскиот национален идентитет

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета при денешната посета на општина Пустец каде што оствари средба со тамошните жители, даде максимална поддршка за заштита на националниот идентитет на граѓаните на Македонија.

-Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во моето внимание, изјави Мета по средбата.

Тој најави и максимална помош за економскиот развој на целиот регион на оваа општина.

-Односите меѓу Македонија и Грција целосно да се нормализираат на патот на интеграцијата. Од одличните односи меѓу Република Македонија, Република Грција, и Република Албанија, целиот регион има корист, но посебно жителите на Преспанскиот регион, изјави претседателот Мета.

Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“ каде запали свеќи за здравје, од каде го честиташе денешниот празник Свети Наум, како и божикните празници по што во дворот изигра и македонско оро заедно со жителите на Пустец кои му приредија срдечен пречек