среда, 2. декември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Мерките на Заев ги оставија Македонците без одмор

Мерките на Заев ги оставија Македонците без одмор

Економски политики на премиерот Зоран Заев се неуспешни, а доказ за тоа се и податоците на Евростат.

Имено, според податоците на агенцијата, 61,2 отсто од Македонците не можат да си дозволат седумдневен одмор во текот на годината.

Во Европската Унија, пак на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години.

Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците.

Наспроти нив еднонеделен одмор не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните.

Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.

Премиерот Заев и завчера се пофали дека економијата блеска, но Државниот завод за статистика вчера го демантираше премиерот.

Имено, индустриското производство кое е столб на стопанството во јуни годинава бележи негатива во однос на јуни минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 97.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст од 5.2%, во секторот.

Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34.3%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на кожа и слични производи од кожа, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на компјутерски, електронски и оптички производи.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 29.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 3.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 104.8.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ секојдневно реагираат дека СДСМ ја турна македонската економија на колена.

-За СДСМ успешна економија е што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. За СДСМ успешна економија е што околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„За СДСМ успешна економија е што втор месец по ред, градежништвото во земјава забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај. За СДСМ е успешна економија што даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. За СДСМ е успешна економија што фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година. За СДСМ е успешна економија што има покачената акциза и високи цени на горивата. За СДСМ е успешна економија што фирмите плаќаaт прогресивни даноци, а капиталните инвестиции се на дното. Парите на граѓаните единствено се трошат на рекети и наместени тендери. Токму затоа Зоран Заев и неговите луѓе треба веднаш да си заминат и да се распишат предвремени парламентарни избори“.

И додека економјата тоне, сивата економија „цути“. Околу 35 проценти од платите се исплаќаат во плико и во кеш, а за ова призна и премиерот Заев.

Коронавирус