среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Мерките на Шилегов во поглед на борба против загадениот воздух не се остварени“

„Мерките на Шилегов во поглед на борба против загадениот воздух не се остварени“

На денешната емисија „Детектор“ гостуваше Светлана Колариќ советничка во Советот на градот Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа кажа дека превземени мерки за подобрување на квалитетот на воздухот уште во 2015 година со одредени мерки и активности и пред Петре Шилегов да дојде како градоначалник на град Скопје.

– Сметам дека доблесно е да се каже дека навистина е превземено и пред вас многу се во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Со носење на законот за амбиентален воздух првата студија која што веќе е направена од страна на Финска со поддршка од Австрија Министерство за животна средина и град Скопје во 2015 година каде што точно значи се таргетирани кои се оние кои што се во првите три најголеми загадувачи не само во градот Скопје и во Република Македонија. Велосипедските патеки од 51 км , мобилен град значи втор награден град Скопје за град на мобилност заради тоа што има набавка на нови автобуси 216 , брз проток на сообраќај , незадржување подолго време на автобуска постојка да нерасипување на новите автобуски, брзо качување на патниците во автобус со внесувањето на електронскиот систем на картички, проширените булевари и сообраќајници исто така нели овозможуваат побрз проток на сообраќај во градот кажа Колариќ.

Исто така советничката Колариќ потенцираше дека во делот за животна средина буџетот е скратен во споредба со минатата година за околу 100 милиони денари и објасни дека сите мерки кои што биле најавени од страна на градоначалникот Петре Шилегов во поглед на борба против загадениот воздух не се остварени.

-Во делот за животна средина скратен е буџетот во споредба со минатата година од прилика околу 100 милиони денари. Градоначалникот сите мерки што ги спомна се во насока „ќе направиме “ тоа значи дека сите мерки кои што се спомнати се паднати во вода, појасни Колариќ.

Светлана Колариќ го потсети градоначалникот Шилегов за ветувањата кои ги даваше на граѓаните во периодот на кампањата.

-Вие дојдовте со План и програма. Што кажавте, Скопје зелена престолнина во 2021 година, во Скопје ќе донесеме кули за прочистување на воздухот по искуството на Пекинг. Вие ветивте зелени покриви, не рековте само зелен покрив на ГТЦ. Вие споменувавте за вертикално зеленило на згради, вие спомнавте садници за секој нов стан како задолжителна обврска на сите оние кои што градат станови, вие зборувавте за замени на возила со хибридни и електрични, рече Колариќ.

Според неа информациите кои што ги добива од Центарот за управување со кризи велат дека во Скопје скоро ниту еден ден без разлика дали е сончев ден или има ветер, концентрацијата на штетните честици не е под максималната дозволема граница од 50 микрограми на м3.