сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Мерките на СДСМ се гол популизам, над 100.000 луѓе останале без работа“

„Мерките на СДСМ се гол популизам, над 100.000 луѓе останале без работа“

Желбата за собирање на политички поени на СДСМ, без издржани мерки, туку со гол популизам, ја донесе државата во ситуација за еден месец пандемија да има над 100.000 привремено отпуштени работници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Квази мерките на власта ги принудија угостителите да одјават над 50% од нивните вработени. Нина Ангеловска ја разобличи лагата на Заев и кажа дека најавените 14.500 денаро за фирмите се всушност 9.000 денари. За така скроената мерка за која не можат да се договорат колкав износ ќе има аплицирале стотина фирми. Ова не е помош за економијата, ова е потценување! СДСМ да ја тргне суетата и надменоста и доколку навистина сака да и помогне на државата да ги примени мерките за економијата кои веќе ги предложивме, велат од партијата.

Коронавирус