понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Меркел: Албанија и Македонија припаѓаат во иста група

Меркел: Албанија и Македонија припаѓаат во иста група

Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ, но на тој пат обете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово- каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси, рече Меркел.

Коронавирус