понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Мерка од програмата за „Обнова на Македонија“ – 0% персонален данок за млади до 29 години.

Мерка од програмата за „Обнова на Македонија“ – 0% персонален данок за млади до 29 години.

-Кога во 2016 водеа кампања, а во 2017 дојдоа на власт едно од главните ветувања на СДСМ, кое уште го паметиме, е дека ќе ги вратат младите во Република Македонија. Денес, три години подоцна гледаме дека цели градови во источна Македонија, се градови на пензионери, цели градови во западна Македонија живеат луѓе на кои им испраќаат пари синови и ќерки распрскани низ светот, велат од УМС на ВМРО-ДПМЕ Ѓорче Петров.

За овие три години, велат од младите од Ѓорче Македонија е сведок на невиден егзодус на младите.

-Сведоци сме дека над 200.000 во изминатите три години ја напуштија Македонија. Ние се решивме да подготвиме пакет мерки за младите. Една од нив е 0% персонален данок за младите до 29 години. Со ова ќе се овозможи младите кои ќе се решат да заработуваат во Македонија да не плаќаат персонален данок до својата 29 година, а тие средства да ги користат за себеунапредување, истакнаа младите.

Најнови вести

Коронавирус