сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Мери Јордановска: Термини за тестирање за Ковид-19 на државно нема, системот ни е пред колапс

Мери Јордановска: Термини за тестирање за Ковид-19 на државно нема, системот ни е пред колапс

Термини за тестирање за Ковид-19 на државно НЕМА. Едноставно, НЕМА. Седиш со симптоми 3 дена, не знаеш дали е настинка, дали е грип, дали е корона. Ниту матичниот не може да одреди, освен доколку изгубиш осет за мирис и за вкус, па седиш дома, пиеш табаско сос и душкаш се низ станот, па чекаш евентуално сабота да се види дали ќе се ослободи термин во Тетово или во Куманово, пишува на Фејсбук новинарката Мери Јордановска.

Пари за приватно тестирање немаш. Четири илјади денари за некои луѓе се многу! Домашните не знаат дали треба да се изолираат или да продолжат да си одат на работа. ТИ самиот не знаеш дали треба да се изолираш.

Таа вели дека залудно е се, и носењето маски на отворено и скратување на работното време на кафулињата за еден лас, ако луѓето го немаат, како што пишува, основното право на здравствена заштита.

-Приватните лаборатории мора да ја намалат цената за тестирање, а право на тестирање МОРА првично да имаат лицата кои развиваат симптоми. Да не се чудиме после од каде толкава смртност! Касно се јавувале – па нормално дека касно ќе се јавуваат кога нема еден факинг термин и треба да чекаш 8 дена, додека не зоврие па да те хоспитализираат. А дури сега, кога ќе почнат настинките и гриповите не чека најголемиот хаос! Системот ни е пред колапс, секако, освен за богатите и за оние со врски, па можат комотно сите од едно домаќинство да си лупнат 16.000 и да си добијат резултати, па и подобар третман. Зборувајте ми за одговорно однесување, но во оваа држава и да сакаш, не можеш одговорно да се однесуваш. Зашто во ваков хаос веќе не знаеш ни што е одговорност, а што криминал. И не ми нудете врски за тестирање, ве молам. Уште толку ќе ми ја потврдите веродстојноста на статусов, пишува Јордановска на Фејсбук.

Коронавирус