четврток, 23. март 2023. Вести денес: 74
home Вести

Мерцедесот по закон можел да се набави без тендер

Мерцедесот по закон можел да се набави без тендер

Министерството за внатрешни работи ваквите специфични набавки во моментов, исто како и во минатото можело да ги реализира без спроведување на јавна набавка, пишува порталот Денешен.мк.

Она што е најинтересно во случајот со купувањето на блиндираното возило Мерцедес, за кое СЈО тврди дека бил незаконски спроведен тендерот, е фактот дека Законот за јавни набавки дозволува тоа да се реализира без воопшто да биде распишан тендер.

-Судскиот процес е на самиот почеток и останува јавноста да види, доколку се веродостојни креираните материјали, дали СДСМ, односно СЈО има каков било доказ дека во фаза кога Јанкулоска планирала набавката да не оди на тендер го прашувала Груевски каква марка на возило предлага да се набави. Од непознати причини, веројатно со цел да одбегне сомнеж, иако законот овозможува набавка без тендер, МВР одлучуваат и покрај тоа што нема таква обврска, да се објави тендер за набавката, пишува порталот.

Како што беше кажано во јавноста, возилото се набавило со цел да служи примарно за превоз на високи странски гости, а тогашниот премиер Груевски планирал истото да го користи кога премиерскиот блиндиран Мерцедес стар околу 20 години бил на сервис, што често се случувало заради староста и високата амортизираност на блиндираното возило кое е 3 до 4 пати потешко во однос на исто такво неблиндирано.

-Втора интересна работа во овој случај е што СЈО ги обвинува дека овозможиле на само една фирма да го набави возилото, при што пропуштиле да напоменат дека согласно антимонополските закони во Македонија, што е во склад со европското законодавство, не постои можност за ексклузивност на само една компанија да врши увоз на возила од било која марка пишува Денешен.

Било која друга фирма увозник на возила, или било која фирма регистрирана за таа дејност може да набави исто такво возило од фабриката на Мерцедес, што во минатото се има и случувано и тоа со успех за фирмата која не е официјален застапник на Мерцедес во Македонија, затоа што понудила подобра цена за истото возило Мерцедес кое се барало од купувачот. Според тоа не може да се фаворизира ниту една домашна фирма како што стои во обвинението, доколку ниту една фирма нема ексклузивитет за набавка од производителот.

loading...